ПОЧНА ИСПЛАТАТА ПО 3.000 ДЕНАРИ ПОМОШ ЗА СТРУЈА ЗА СОЦИЈАЛЦИТЕ Проверете дали сте на списокот

Финансиската поддршка од 3.000 денари месечно е за период од 4 месеци.

215

Во тек е исплатата на  паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, соопшти Министерството за труд и социјална политика .

Според законот, помош од 3.000 месечно ќе добијат:






-корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица,
-корисниците  на посебен додаток,
-корисниците на  правото на надоместок поради попреченост,
-корисниците на надоместокот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок поради попреченост, без потреба од контролен преглед и
-самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Финансиската поддршка од 3.000 денари месечно е за период од 4 месеци.
Поврзани содржини