Претставничкиот дом го отповика Трамп

Резолуцијата за импичмент го товари Трамп со еден член, „поттикнување бунт“. Трамп со тоа стана првиот претседател на САД кој бил два пати отповикан.

1,084

Американскиот Конгрес на седницата одржана денеска, усвои член околу отповикување на досегашниот претседател Доналд Трамп, кој се товари за поттикнување на нередите во Капитол минатата недела.

Трамп со тоа стана првиот претседател на САД кој бил два пати отповикан.






Со 232 гласа „за“ и 197 „против“ Претставничкиот дом на САД го отповика претседателот Доналд Трамп, седум дена пред истекувањето на неговиот мандат.

За отповикувањето на Трамп гласаа и 10 републиканци.

Отповикувањето е успешно ако има поддршка од сите демократи, и најмалку пет републиканци.

Гласањето во Домот води кон ново судење во Сенатот, кој е во мирување до 19 јануари и лидерот на републиканците Мич Меконел најави дека нема да се согласи со претходно свикување итна седница.

Поврзани содржини