ПОЧНА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ВАУЧЕРИТЕ ЗА ОДМОР На државна сметка ќе одмараат повеќе од 1.770 работници
Овие ваучери може да се користат од 15 септември до 1 декември во некој од угостителските објекти за сместување кои се пријавиле во Министерство за економија и труд.
Од денеска започнува доделувањето на 1.777 ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи од последниот оглас објавен на почетокот на годината, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери е објавена на веб страната на министерството каде што се објавени и имињата на хотелите во кои можат да се користат.
Вредноста на ваучерите е 18.000 денари.
-Решенијата за граѓаните кои аплицирале, ги исполниле условите согласно јавниот повик се потпишани, согласно принципот прв дојден прв услужен. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица – информира министерот Дурмиши.
По ребалансот на буџетот, за оваа мерка се предвидени вкупно 32 милиони денари за 1.777 ваучери-потврди за лица со ниски приходи кои ќе можат да ги користат во некој од туристичките центри во нашата земја.
Овие ваучери може да се користат од 15 септември до 1 декември во некој од угостителските објекти за сместување кои се пријавиле во Министерство за економија и труд.