Почна да се полни буџетот, во јули прв раст на приходите од 1,4 отсто
Kумулативно од почетокот на годината, падот на приходите во однос на минатата година е намален на -7,4%, додека заклучно првото полугодие кумулативно изнесуваше 9% во однос на лани.
Во јули се забележува прв месечен раст на приходите во буџетот од почетокот на ковид-19 кризата, со месечен раст од 1,4% во однос на лани,. Тоа е резултат на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци. соопшти Министерството за финансии.
Вкупната наплата на приходи во јули изнесува 17,9 милијарди денари.
– Даночните приходи се наплатени во износ од 10,2 милијарди денари, или 1,7% помалку од лани. Данокот на додадена вредност за првпат од почетокот на кризата забележува раст во однос на минатата година од 1,2%, што следи по падот во јуни од 7,5%, и високиот пад во мај и април од -33 и -43,5% респективно. Се забележува и висок раст на увозните давачки од 18,3%, понатаму раст на персоналниот данок од 0,4%, додека помала наплата има кај акцизите и данокот на добивка – велат од Министерството за финансии.
Кај придонесите е забележан раст од 11,9% во однос на истиот месец лани, со што продолжува добриот тренд на наплата на прiдонесите од јуни, кога беше забележана иста стапка на раст од 12,3%.
– Растот на придонесите во време на криза во голема мера може да се препише на мерките кои ги презема vладата односно поддршката од 14.500 ден по вработен заради исплата на платите за април, мај и јуни , појаснуваат од Министерството.
Kумулативно од почетокот на годината, падот на приходите во однос на минатата година е намален на -7,4%, додека заклучно првото полугодие кумулативно изнесуваше 9% во однос на лани. Даночните приходи сега бележат пад од 11,3% кумулативно, додека заклучно првото полугодие бележат пад од 13% во однос на лани.
Придонесите бележат раст од 8,6% во однос на истиот период период лани, додека заклучно првото полугодие бележеа раст од 8%.
Расходната страна заклучно јули бележи раст од 11,6% на годишно ниво, во најголем дел како резултат на преземените мерки во борба против ковид-19.
– Оправданоста за ваквиот пораст на расходите се содржи во исплата на: повисоки пензии, социјална помош, плати, како и поддршка за фирми и граѓани погодени од коронакризата во износ од околу 6,9 милијарди денари. Исто така и капиталните расходи се повисоки за 14,4% во однос на лани – велат оттаму.
Дефицитот заклучно со јули е реализиран 4,76% од БДП и е согласно планираната динамика со Ребалансот.