ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ПАРК НА 100.000 КВАДРАТИ ВО АЕРОДРОМ Зелениот тепих ќе биде распослан до Ново Лисиче
Данела Арсовска нагласи дека почнува со еден од проектите кои беа, како што рече, во топ 15 – со еден од мега парковите кои беа предвидени во Општина Аеродром.
Нов мега парк од околу 100.000 метри квадратни, со зелена и рекреативна површина, со соединувањето на паркот „Авионче“ и паркот во Ново Лисиче, лоциран кај последната станица на автобусот со број 5 ќе стане веројатно вториот најголем парк на територија на Скопје. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, кој истакна дека тоа е во интерес на жителите на Аеродром и на сите скопјани.
Тој потсети дека во текот на вчерашниот ден на негова иницијатива, а со поддршка од Советот на Општина Аеродром, избришани се две маркици, една за општинска зграда, а друга за станбена зграда во Реонски центар Аеродром. Таму општината ќе инвестира во нов парк од 5.000 метри квадратни.
Градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска нагласи дека се почнува со еден од проектите кои беа, како што рече, во топ 15 – со еден од мега парковите кои беа предвидени во Општина Аеродром.
Taa потенцира дека според граѓаните дивите депонии се еден од најголемите проблеми и ќе се работи на нивно чистење, заедно со скопските општини.
Арсовска најави дека по првите 82 дена скопјани ќе видат значителни разлики, односно подобрување во сите процеси во градот.
Одговарајќи на новинарско прашање, Муцунски рече дека сега нема проекција колку ќе чини паркот.
– Колкав ѝ да биде износот, тој ќе биде рационален. Тој ќе биде износ кој ќе значи развој, согласно потребите на граѓаните – рече Муцунски, додавајќи дека најверојатно ќе треба дополонително да инвестира и општината.