ПОЧНА ДА ДИШЕ МОМЧЕТО РАНЕТО ВО ВРАЧАР За едно од девојчињата се собираат пари за бионичка рака

Не знаеме какви ќе бидат дефинитивните последици. Тој има свое дишење, но сепак мора да биде поддржан од респиратор. Бидејќи е дете, мислам дека е добра одлука да се префрли во Институтот за мајки и деца и полека да се одвикне од респираторот таму, изјави Даница Грујичиќ, српската Министерка за здравство.

2,247

По две недели почна да дише момчето кое беше во критична состојба откако беше рането во масакрот на 3 мај во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград.

– На момчето му е направена трахеотомија, продиша, свесно е, комуникативно, зборува, ја движи левата рака – изјави Министерката за зрадвство на Србија, Даница Грујчиќ за медиумите.






На момчето му беше повреден ‘рбетниот мозок. Сега тоа е префрлено во Заводот за мајки и деца за да почне да се одвикнува од респираторот.

– Не знаеме какви ќе бидат дефинитивните последици. Тој има свое дишење, но сепак мора да биде поддржан од респиратор. Бидејќи е дете, мислам дека е добра одлука да се префрли во Институтот за мајки и деца и полека да се одвикне од респираторот таму. Во моментов не е во животна опасност, но е состојба која може да се искомплицира. Секоја повреда од огнено оружје, никогаш не можете да бидете сигурни дека ќе заврши добро, дури и по недели и месеци може да се искомплицира. Важно е секој да покажува знаци на закрепнување – вели Грујчиќ.

– Рано е да се зборува за дефинитивни последици, ги очекува долго закрепнување. Луѓето почнаа да собираат пари за бионичка рака за малото девојче, но тоа нема да биде потребно. Сѐ уште е рано да се каже, раната треба целосно да зарасне, па ќе се оценува дали е кандидат за тоа или не. Доколку има кандидат ќе се обезбеди. Луѓето можат да соберат пари за тоа девојче или семејство, а ако е потребна протеза, здравствениот систем ќе ја обезбеди – заклучи министерката.

Таа рече дека од останатите пациенти само еден е на интензивна нега и дека дише самостојно. Меѓу другите повредени има и човекот со повреда на ‘рбетот и деца кои имале градна дренажа.

Поврзани содржини