ПОЧНА ЧИСТЕЊЕТО НА СМЕТОТ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ Муцунски ги чека камионите од Штип да почнат да ги празнат контејнерите
Муцунски смета дека обврска како политичари не е да ги воочуваат проблемите туку кога постојат предизвици да ги решаваат истите.
Почна расчистувањето на сметот во дел од општините во Скопје. Се чисти во општина Аеродром каде што на терен е и градоначалникот Тимчо Муцунски. Вработени во општината рачно го чистат сметот, а се чекаат и специјализираните возила од Штип да почнат да ги праззнат контејнерите.
-Ние подолг период алармираме за лошото функционирање на ЈП „Комунална Хигиена”, сега за жал граѓаните на еден најлош начин заради неумесно функционирање на ова ЈП што навистина се случува – рече Муцунски.
Муцунски додаде дека обврска како политичари не е да ги воочуваат проблемите туку кога постојат предизвици да ги решаваат истите.
– Јас во мојот дел на надлежности постојано имам предизвици и несогласувања но никогаш не дозволувам на ваков начин јавноста да страда и да ги гледа негативните последици на она што се случува. Ова што го дозволија од страна на градот Скопје и ова ЈП да се случи е да создадеме здравствен ризик за нашите граѓани Иако не е наша надлежност преземаме конкретни мерки. Ние имаме ограничена механизација, таа механизација и нашите работници веќе се на терен. Исконтактирав со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, благодарение на ажурноста и интересот на Иван да ни помогне во овој предизвик во секој момент очекуваме да пристигнат две големи возила од Општина Штип кој ќе имаат капацитет да поченеме да ги празниме контејнерите – истакна Муцунски во изјава за ТВ 24.
Тој рече и дека четири дена воопшто не е ништо направено од страна на градот и покрај нашите апелите што значи дека ние веднаш нема да можеме да го решиме ова но ќе дадеме максимални напори ова да почнеме да ги враќаме работите во нормала
– Предизвик ќе биде каде ќе се носи ова ѓубре, би требло во „Дрисла” да се носи истото и пробуваме повеќе од еден час да стапиме во контакт со ЈП „Дрисла” но немаме никаков одговор од нивна страна дали ќе може да се однесе ова ѓубре таму иако тоа би било очекувано и нормално. Да видиме како ќе се развива ситуацијата вечерва, ќе бидеме на терен граѓаните треба да знаат дека ние како градоначалници на територија на Град Скопје ќе бидеме присутни и ќе бараме начини да го решиме овој проблем – изјави Муцунски.
Чистење на сметот најавија и неколку други градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, како и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски кој соопшти дека вработените на ПОЦ со 4 камиони ќе бидат на терен утре и ќе го чистат сметот.