Почна чистењето на депонијата во Визбегово која е опфаќа простор колку 10 фудбалски игралишта

332

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, градоначалниците на Град Скопје, Бутел и Шуто Оризари Петре Шилегов, Велимир Смилевски и Курто Дудуш денеска ја посетија депонијата во Визбегово, каде почнаа активностите за нејзино чистење.

– Со ребалансот на буџетот, Министерството побара средства за справување и чистење на депонијата во Визбегово во вредност од 20 милиони денари за да помогне во санација на оваа локација – рече Нуредини.






Градоначалникот Шилегов најави дека почна расчистување на еден од повеќедецениските еколошки проблеми во Скопје – депонијата во Визбегово, која е на граница меѓу општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер-Сандево. Депонијата, според него, влијае на загадувањето зошто често била предмет на самозапалување или била палена од страна на несовесни граѓани.

Тој очекува дека во следните 30 дена да биде исчистена оваа површина од околу 10 хектари што е околу 10 фудбалски игралишта, а треба да бидат фрлени над 50.000 метри кубни комунален смет и шут, да се израмни и да се заштити подрачјето и од депонија да прерасне во зелена оаза.

Поврзани содржини