ПОЧНА БОРБАТА ЗА ИМОТОТ НА „ЛУКОИЛ“ ВО ЕВРОПА Бугарија и Романија ги преземаат рафинериите, а што планираат другите земји?

Во Русија, пак, се води дебата дали е подобро да не се брза со продажба на имотот на „Лукоил“ откако Гунвор не доби одобрување од САД за завршување на зделката. Руските експерти тврдат дека по ова не треба да се брза продажбата да се заврши до почеток на санкциите, туку имотот во странство да се продава во делови.

560

Владите на европските и блискоисточните земји преземаат активни чекори за зачувување на имотот на рускиот енергетски гигант „Лукоил“ откако САД не дозволи тој да биде продаден на компанијата „Гунвор“. Во Русија, пак, се води дебата дали треба да се брза со продажбата и тоа да се направи на еден купувал или имотот да се нуди во парчиња.

Проблемот со имотот на компанијата во странство настана откако САД воведоа санкции врз руската компанија.






Според Ричард Бронц, раководител на геополитиката во консултантската компанија „Енерџи аспектс лтд.“, постои значителна конкуренција околу судбината на имотот во странство на корпорацијата. Тој вели  дека прашањето станало особено итно откако американското Министерство за финансии го отфрлило предлогот на трговската компанија „Гунвор“ целосно да го преземе имотот.

Бронц нагласи дека постои вистинска борба околу одлуката за тоа како да се располага со имотот на „Лукоил“.

Најактивни се земјите каде што компанијата поседува рафинерии. Бугарија е активно вклучена во дијалогот со американските власти, обидувајќи се да го зачува работењето на најголемата рафинерија за нафта во земјата, која се наоѓа во Бургас. Крајната цел на преговорите, како што е наведено, би можела да биде воспоставување целосна државна контрола врз рафинеријата.

Романија исто така бараат законска основа да ја зачуваат во живот рафинеријата на Лукоил во Плоешти за да нема проблем со снабдување со гориво.

-Романија мора да ја преземе контролата врз рафинеријата „Петротел“ на „Лукоил“ во градот Плоешти за да се обезбеди стабилност на националниот енергетски систем. Моите колеги во Министерството за енергетика продолжуваат да работат, заедно со сите надлежни органи, на создавање закон што ќе обезбеди, од една страна, целосно почитување на режимот на санкции воспоставен од САД, а од друга страна, континуитет на рафинериските активности на „Петротел Плоешти“ – изјави денеска министерот за енергетика на Романија Богдан Иван.

Во исто време, молдавските власти преговараат со „Лукоил“ за евентуално купување на објект за складирање гориво што ќе го поддржува работењето на меѓународниот аеродром во Кишињев.

Преговорите се водат во контекст на прогласувањето на „виша сила“ од страна на руска компанија на нафтено поле во Ирак што значи целосна блокада на снабдувањето со нафтени деривати за молдавскиот аеродром.

Во Русија, пак, се води дебата дали е подобро да не се брза со продажба на имотот на „Лукоил“ откако Гунвор не доби одобрување од САД за завршување на зделката. Руските експерти оценуваат  дека по ова не треба да се брза продажбата да се заврши до почеток на санкциите, туку имотот во странство на компанијата са почен да се продава во делови и на подолг рок.

Поврзани содржини