„Почитувани ЕУ Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам сè што ќе побарате од мене“
Таквото писмо ќе го прочитаат секретарките на ЕУ-комесарите и пред да го пратат кај шефовите на увид ќе прашаат – а колкава поддршка има во народот овој Филипче? По добиениот одговор не сакам ниту да помислам каде писмото ќе заврши. Оставам самиот да помисли и да си одговори.
Опозицискиот СДСМ барајќи начин да излезе од хаосот во кој е одамна. Пред некој ден извади нова програма за делување, ама таа не предизвика особено внимание кај јавноста. Сега, пак, нивниот лидер Венко Филипче најави дека ќе му пишел писмо на ЕУ, најверојано посакува барем таму да привлече внимание.
Во писмото ќе го алармирал Брисел за „демонтирање” на евроинтегративниот процес од страна на македонската влада и премиерот Мицкоски. Како што самиот Филипче објасни тој воедно ќе повикал и на широка општествена мобилизација за зачувување на европската иднина на државата.
Останува нејасно како тој ќе ги мобилизира граѓаните кога над 85 отсто од народот се изјасни против францускиот предлог и преговарачката рамка. А сега најново и дека 76 проценти не се согласуваат со уставните измени, баш спротивно од она што го бара Филипче.
Граѓаните и на избори му кажаа што мислат за неговиот начин и начинот на СДСМ на водење на надворешната политика. Зарем Филипче ќе праќа писмо до Брисел, а не ги чита писмата кои македонските граѓани упорно му ги праќаат околу тоа како треба да се води Македонија по евтоинтеграцискиот пат?
Воедно, нели токму СДСМ и Филипче повикуваа на консензус за националните прашања? Каков е тој консензус ако прво се пишуваат писма до странство?
Затоа Филипче не треба да брза со праќање на писмото, прво треба да го чуе народниот глас, па да разговара со власта, па да види што може да помогне околу ЕУ – интеграциите. На пример, може да им пише писмо во Брисел дека е доста од двојните стандарди и ветата.
Или пак тој веќе реши само да се нуди во ЕУ дека ќе биде послушен кога тој би бил премиер? Па, не иде, не е добро, од голем лидер и голема партија така писмото до Брисел да биде во стилот:
„Почитувани ЕУ-комесари, овој Мицкоски не сака да ве слуша, а јас би ве послушал се што ќе ми кажете и сè што ќе побарате…“
Таквото писмо ќе го прочитаат секретарките на ЕУ-комесарите и пред да го пратат кај шефовите на увид ќе прашаат – а колкава поддршка има во народот овој Филипче? По добиениот одговор не сакам ниту да помислам каде писмото ќе заврши. Оставам самиот да помисли и да си одговори.