Почитуван Ескобар, велите не доаѓате да правите тортура, ама не гледате дека нашиот народ е под тортура!
Не ни правете тортура со лесни ветувања и илузии, со лажна стабилност и со купен мир. Ако стварно ни мислите добро, ако стварно имате очекувања, тогаш престанете да нѐ навредувате и да нѐ уништувате со поддршката кон овие ваши политички квазиелити - казнете ги малку повеќе нив, за они да можат малку помалку нас.
Почитуван Ескобар, се надевам сфативте дека не се именуваме како северномакедонци или православни.
Небитно, од тоа не се живее, а ние корења и онака јадеме предолго.
Велите дека нѐ сакате во ЕУ и тоа го сакаме и ние, граѓаните на Македонија.
Ама вие го сакате стратешки, ние го бараме суштински.
Сте излегле ли подалеку од салоните на нашите властодршци и политичари, сте погазиле некаде другде освен по теписите од наши пари купени?!
Ене ја вашата амбасада на 50 метри од Шутка и рурална Индија, каква била пред стотини години.
Курац сте прошетале, ама во себе сигурно си се смешкате со какви идиоти си имате работа.
Велите не доаѓате да правите тортура, ама не гледате дека нашиот народ е под тортура.
И под ваша и под сопствена, еве веќе 30 години.
Ви личи ли ова на земја за ЕУ, според кој било стандард, според која било реформа, според квалитет на живот, образование или можности, дали демографски, финансиски, економски или индустриски?
Освен според стандардот кој го уживаат политичарите и нивните нво или медиумски испостави.
Ви личи ли ова на земја со достоинствен живот, кога и покрај вашите пари, нашите кримоси зимаат илјади пати повеќе од народот за да го држат мизерен?
Бидете искрени, убаво е што убаво ни мислите и само тоа можеби нѐ држи и онаму каде не заслужуваме.
Ама има граници и за светската сила број 1, не може ни она да оправи, нешто што решило до овој степен да се самоограби, самозапушти и самоуништи.
Така што, не ни правете тортура со лесни ветувања и илузии, со лажна стабилност и со купен мир.
Ако стварно ни мислите добро, ако стварно имате очекувања, тогаш престанете да нѐ навредувате и да нѐ уништувате со поддршката кон овие ваши политички квазиелити – казнете ги малку повеќе нив, за они да можат малку помалку нас.
(Фејсбук статус на авторот)