Почит за Балашевиќ и на стадионот на Ливерпул
Цвијановиќ ја ставил сликата на Балашевиќ кај спомен плочата на „Енфилд“ посветена на навивачите на Ливерпул кои загинаа во несреќата на стадионот Хилсбороу во 1989 година, пишува Нова.рс.
Бројни пријатели, колеги и фанови на Ѓорѓе Балашевиќ упатија последен поздрав до кантавторот кој почина вчера, а почит му е укажана и на стадионот на Ливерпул „Енфилд“.
Познатиот новинар на „Спорт клуб“ Невен Цвијановиќ, кој живее и работи во Англија на својот профил на Инстаграм му одаде почит на Балашевиќ.
Цвијановиќ ја ставил сликата на Балашевиќ кај спомен плочата на „Енфилд“ посветена на навивачите на Ливерпул кои загинаа во несреќата на стадионот Хилсбороу во 1989 година, пишува Нова.рс.
Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ почина во петок на 68 години од последици на воспаление на белите дробови, предизвикана од инфеција со коронавирусот.