ПОЧИНАТО ЛИЦЕ ПРОНАЈДЕНО ВО ЗАПАЛЕНА ЗГРАДА Трагедија во Струмица, пожар со фатални последици

Пожарникарите брзо интервенираа и ги евакуираа сите станари, причините за пожарот се во тек на истрага.

740

Тело на починато лице беше пронајдено од страна на пожарникарите кои интервнерираа на пожар во стан на четврти кат во зграда на улица Б.Ј. Мучето во Струмица.

Противпожарната единица од Струмица во 15:27 часот интервенираше со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители, кои успешно го изгаснаа пожарот.






Сите други станови во зградата беа заштитени од огнот, а останатите станари беа безбедно евакуирани.

Причините за настанување на пожарот и смртта на лицето ќе бидат утврдени од надлежните институции.

Поврзани содржини