ПОЧИНАТО БЕБЕ СОМЕЛЕНО ВО МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ!? Ужасна грешка во косовска болница
Болницата во Пеќ по секоја цена се обидувала да го прикрие случајот, се вршел притисок врз персоналот за да не излезат информации во јавноста, но инцидентот излегол на виделина кога болницата одбила да му го предаде телото на бебето на неговиот татко.
Против гинеколошкото одделение на Општата болница во Пеќ, Косово, покрената е истрага откако било откриено дека некој од одделението по грешка ставил тело на мртво бебе во машина за перење. Телото на детето било извадено од машината за перење на парчиња, пишува Косово-онлајн.
Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.
Извори од болницата во Пеќ велат дека болничката управа по секоја цена се обидувала да го прикрие случајот и дека се вршел притисок врз персоналот за да не излезат информации во јавноста. Косово-онлајн пишува дека болничката управа дури се обидела вината да ја префрли врз собарките, за да не излезе во јавноста името на медицинскиот персонал од гинекологија, кој е одговорен за грешката.
Таткото на бебето вели дека случајот го шокирал неговото семејство, а инцидентот излегол на виделина кога болницата одбила да му го предаде телото на бебето. Таткото никогаш не престанал да се обидува да ја дознае вистината за своето мртво дете, но бил шокиран кога ги видел останките на бебето откако ги извадиле од машината за перење.
Во меѓувреме, Општата болница во Пеќ на својата веб-страница објави дека за овој случај се суспендирани седуммина вработени и дека против нив е поведена дисциплинска постапка.
„Случајот сè уште е во фаза на истрага и штом истражните органи и здравствената инспекција излезат со наодите и завршната постапка, јавноста ќе биде информирана за деталите и соодветните мерки предвидени со закон“ – се вели во соопштението на болницата.
– Ние сме во почетна фаза на истрага и не можеме да споделиме повеќе информации поради чувствителноста на случајот. Обвинителот се сретна со родителите на бебето и ги информираше за целиот случај“ – изјави портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ.