Починатите од коронавирусот во Њујорк завршуваат во масовни гробници ВИДЕО

Како што е наведено, точната локација е островот Харт каде што во нормални услови се погребуваат оние кои не можат да си дозволат погреб на класични гробишта.

802

Медиумите во САД објавија потресно видео снимено од дрон на кое се гледа како починатите од коронавирусот во Њујорк се погребуваат во масовни гробници во Бронкс.






Гробарите се облечени во бели заштитни одела и со помош на скала се спуштаат во гробницата каде што ги полагаат ковчезите. Како што е наведено, точната локација е островот Харт каде што во нормални услови се погребуваат оние кои не можат да си дозволат погреб на класични гробишта.

Во моментов Њујорк е најголемото жариште на коронавирусот, а до денеска таму се регистрирани 159.937 лица, а починати се над 7.000 луѓе.

Поврзани содржини