ПОЧИНАТИОТ ПАНЧО МИНОВ БИЛ НОСИТЕЛ НА ЛИСТА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2025 Се чекаат насоки од ДИК за гласачкото ливче

Во Општинската изборна комисија Кавадарци чекаат насоки од ДИК како да постапат, зашто ова е првпат да се соочат со смртен случај на носител на листа пред изборите.

3,514

Поранешниот градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов, кој почина денеска, беше носител на независна листа за Локалните избори 2025 Панчо Минов.

Од Општинската изборна комисија Кавадарци за МИА информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија.






– Утрово добивме потврдена информација. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија. Има законски пропишана постапка, во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа. Мислам дека сѐ уште не се отпечатени ливчињата. Натаму, ќе ни кажат што, како да постапиме. Ваков случај првпат сега имаме – рече Емилија Петровска, претседател на ОИК.

Минов е роден на 21 август 1958 година во Кавадарци.

ПОЧИНА ПАНЧО МИНОВ Два пати беше градоначалник на Кавадарци и пратеник во 4 мандата

Поврзани содржини