Починатиот 27-годишен пациент од ковид-19 имал церебрална парализа и анемија

Како што истакнаа од Министерството за здравство, пациентот имал церебрална парализа од раѓање, придружена со ментална ретардација, а имал и анемија.

968

27-годишно момче од Демир Капија вчера починало од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Плусинфо побара одговори за тоа дали момчето имало и други здравствени проблеми кои дополнително влијаеле на влошување на здравствената состојба.






Како што истакнаа од Министерството за здравство, пациентот имал церебрална парализа од раѓање, придружена со ментална ретардација, а имал и анемија.

– Пациентот имал церебрална парализа од раѓање придружена со ментална ретардација и дополнително бил дијагностициран со анемија. Овие пацинти кои имаат ЦП спаѓаат во ризична група за било кој тип на инфекции и вируси – одговорија од Министерството за здравство.

Поврзани содржини