Починати се осуммина, новозаразени 99 граѓани
Двајца од починатите се од Тетово (60г. и 71г.), од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и двајца од Охрид на возраст од 70 и од 94 години. Седум пациенти се починати во болница, а еден е починат вон болница.
Во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19. Меѓу нив 33 лица се од Скопје, седум од Куманово, петмина штипјани, од Прилеп 6, Тетово 4, Струга 2, Велес 2, Битола 6, Охрид 14, Гостивар 1, Гевгелија 1, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 6, Македонски Брод 3, Виница-1 и шестмина од Делчево, информира Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациенти. На кислородна поддршка се 59, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122, позитивни и сомнителни на ковид-19.