Починати петмина и нови 78 заразени со вирусот
Првпат по неколку недели, забележани се помалку од 100 новозаболени во едно деноноќие. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 78 нови случаи на ковид-19 од направените 894 тестирања, а починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.
Првпат по неколку недели, забележани се помалку од 100 новозаболени во едно деноноќие.
Новите случаи се во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.
Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 3422, активни 1960
Куманово 801, активни 194
Дебар 110, активни 58
Штип 390, активни 157
Прилеп 281, активни 51
Тетово 775, активни 391
Струга 268, активни 169
Велес 196, активни 42
Битола 62, активни 23
Охрид 205, активни 176
Кавадарци 21, активни 15
Гостивар 161, активни 93
Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 17, активни 9
Крива Паланка 17, активни 11
Радовиш 4, активни 0
Крушево 7, активни 3
Кочани 75, активни 22
Пробиштип 29, активни 18
Демир Хисар 2, активни 1
Македонски Брод 6, активни 4
Пехчево 6, активни 3
Берово 3, активни 0
Валандово 6, активни 2
Виница 4, активни 1
Делчево 1, активни 0
Кратово 5, активни 2
Свети Николе 47, активни 42
Кичево 48, активни 39
Ресен 122, активни 85
Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори) -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) Чаир – 402, Аеродром – 155, Бутел – 170, Гази Баба – 201, Центар – 149, Карпош – 166, Сарај – 150, Кисела Вода – 110, Ѓорче Петров – 115, Студеничани – 107, Шуто Оризари – 95, Арачиново – 51, Илинден – 35, Петровец – 17, Чучер Сандево – 18, Сопиште – 9, Зелениково-8, Странец – 2, Нераспределен- 0.