Починати 25 лица, најмладиот на 27 години, 234 нови случаи на ковид-19
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694, бројката на оздравени пациенти е 137.331, на починати е 5.067, а бројот на активни случаи изнесува 11.296.
Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19. Починати се 25 лица и регистрирани се 786 оздравени пациенти, информира Минстерството за здравство.
Од новозаболените во Скопје се 83, Куманово 27, Битола 16, Тетово 14, Струмица 13, Штип и Виница по 9, Кичево 7, Прилеп и Велес по 6, Гостивар, Струга и Кочани по 5, Охрид 4, Радовиш, Крушево и Демир Хисар по 3, Пробиштип, Богданци и Демир Капија по 2, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Делчево, Валандово, Кратово и Пехчево по 1.
Регистрирани се 786 оздравени пациенти од: Скопје 348, Куманово 61, Тетово 47, Прилеп 43, Битола 38, Кавадарци 37, Велес 32, Неготино 25, Гостивар 20, Штип 18, Струмица и Кичево по 17, Гевгелија 16, Охрид 13, Кочани и Ресен по 9, Богданци 5, Виница 4, Струга, Радовиш, Крушево, Свети Николе и Делчево по 3, Демир Хисар, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод по 2, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по 1.
Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје (46,60,64,65,67, 67, 70,71, 74 и 75), по 2 лица од Тетово (70 и 72), Штип (69и 70) и Гостивар (67 и 79) и по 1 починато лице од Куманово (64), Прилеп (63), Охрид (80), Виница (27), Струмица (78), Кочани (56), Кичево (62), Струга (78) и Свети Николе (57). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни услови, а останатите 21 во болнички услови.
Направени се 2.907 тестови преку: ИЈЗ 293, ЦЈЗ Скопје 66, ЦЈЗ Битола 64, ЦЈЗ Прилеп 26, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 0, Судска медицина 7, лабораторија болница Козле 0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ„ 8-ми Септември“ 12, Институт за микробиологија 76, МАНУ 85, Жан Митрев 141, Авицена 282, Биотек 885, Систина 193, лабораторија Лаор 160, Синлаб 27, Ремедика-55, Плодност 59, Генеа 8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 468.
Досега во земјата се направени вкупно 734.904 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694, бројката на оздравени пациенти е 137.331, на починати е 5.067, а бројот на активни случаи изнесува 11.296.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 67.806, активни 5.169, Куманово 8.678, активни 900, Прилеп 8.227, активни 447, Тетово 7.163, активни 445, Битола 6.211, активни 726, Велес 5.439, активни 387, Гостивар 5.144, активни 289, Кавадарци 5.133, активни 225, Охрид 4.954, активни 444, Штип 4.930, активни 251, Струмица 4.068, активни 241, Струга 2.956, активни 148, Кочани 2.754, активни 161, Кичево 2.504, активни 239, Гевгелија 2.183, активни 166, Неготино 2.170, активни 134, Свети Николе 1.509, активни 102, Ресен 1.219, активни 175, Крива Паланка 1.214, активни 46, Радовиш 1.106, активни 84, Берово 1.021, активни 23, Делчево 959, активни 70, Дебар 935, активни 25, Виница 847, активни 116, Пробиштип 778, активни 21, Валандово 663, активни 19, Богданци 494, активни 45, Крушево 489, активни 73, Демир Капија 396, активни 15, Демир Хисар 394, активни 60, Кратово 360, активни 9, Македонски Брод 356, активни 7, Пехчево 265, активни 15, Македонска Каменица 237, активни 15, Дојран 132, активни 4.