Младата жена пронајдена мртва во околината на Охрид била со повреди на главата.
Според пријавеното на 03.05.2021 во 8.20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.