Починат маж пронајден на улица во Прилеп

898

Во близина на месноста викана „Шарена чешма“ во Прилеп, вчера рано наутро на улица било забележано паднато машко лице.

Полицајците кои излегле на лице место пронашле безживотно машко тело, со видлива повреда на главата, за кое е утврдено дека е Р.Р (73) од Прилеп .Од доктор од Итна медицинска помош констатирана била смрт.






Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Поврзани содржини