ПОЧИНАТ МАЖ ПРОНАЈДЕН НА ПАРКИНГ ВО ЦЕНТАР Полицијата го истражува случајот со 40-годишниот жител на Банско

Полицијата спровела увид заедно со јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта.

813

Вчера на паркинг простор на подрачјето на општина Центар беше пронајден починат маж, што предизвика вознемиреност кај жителите во околината.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за С.А. (40) од селото Банско, струмичко.






– На местото на настанот веднаш пристигнала Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство – велат од МВР.

Полицијата спровела увид заедно со јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта.

Поврзани содржини