ПОЧИНАЛЕ 1.277 ПАЦИЕНТИ, АМА НЕВАКЦИНИРАНИ БИЛЕ 1.070 ЛИЦА Министерството за здравство ја објави анализата за претходните два месеца

Во анализата е наведено дека 38.019 граѓани се тестирани на ковид-19, а од нив 24 отсто биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица.

1,963

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19, соопшти Министерството за здравство во најновата анализа во период од 6 август до 7 октомври.

Во анализата е наведено дека 38.019 граѓани се тестирани на ковид-19, а од нив 24 отсто биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица. Таму е посочено и дека во последните два месеца, 28.856 граѓани или 76 отсто од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.






„Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81 отсто, додека само 19 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до 7 октомври, на територија на државата починале 1.277 пациенти со ковид 19, 1.070 пациенти од починатите, односно 84 отсто не биле вакцинирани, а само 16 отсто 207 пациенти примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини