Починал додека џогирал на Кејот на Вардар

1,200

Скопјанец починал додека џогирал вчера на Кејот на реката Вардар, соопшти МВР.

Вчера во 09.10 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека на кејот на реката Вардар бил пронајден починат Н.А.(54) од Скопје.






Според пријавеното, додека Н.А. трчал, му се слошило и паднал. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Поврзани содржини