ПОЧИНАЛ ЧОВЕК ОД БЕСНИЛО, БИЛ ГРИЗНАТ ОД ЛИЛЈАК Во куќата имало колонија на лилјаци

Околу еден месец по заразата, мажот имал болки во вратот, главоболки, вкочанетост на прстите, тешкотии при контрола на рацете и проблеми со говорот, велат надлежните во здравство. Експерти за диви животни нашле колонија лилјаци во куќата на човекот.

1,630

Маж од североистокот на Илиноис, САД починал од беснило еден месец откако бил заразен од лилјак. Тоа е прв случај на беснило во Илиноис од 1954 година, пишува Си-Ен-Ен.

Мажот на возраст од 80 години, се разбудил минатиот месец и нашол лилјак на вратата. Иако лилјакот бил позитивен на беснило, мажот одбил да се лекува, се вели во соопштението на Одделот за јавно здравство на Илиноис. Повеќето инфекции од беснило во САД доаѓаат од лилјаци.






Околу еден месец по заразата, мажот имал болки во вратот, главоболки, вкочанетост на прстите, тешкотии при контрола на рацете и проблеми со говорот, велат надлежните во здравство. Експерти за диви животни нашле колонија лилјаци во куќата на човекот.

Вирусот на беснило се пренесува при директен контакт со заразено животно, вклучувајќи ја и плунката или ткиво на мозок и нервниот систем. Вирусот го напаѓа централниот нервен систем предизвикувајќи болест на мозокот, која може да предизвика и смрт.

Поврзани содржини