Починаа сијамските близнаци со најдолг животен век, на 69-годишна возраст

923

Рони и Дони Галион (Галн) од американската сојузна држава Охајо се родени на 28 октомври 1951 година со споен абдомен.

Најдолговечните сијамски близнаци починале на 4 јули на 69-годишна возраст.






Во 2014 година, непосредно пред нивниот 63 роденден, браќата станаа сијамски близнаци кои најдолго живееле.

Властите навеле дека умреле со природна смрт.

Уште како деца, почнале да се појавуваат на карневалите и во циркуси како атракција.

Нивниот брат Џим рекол дека семејството со години живеело со нивните приходи.

Документарниот филм за браќата Гелион беше емитуван од ТЛС во 2010 година.

 

Поврзани содржини