ПОЧИНАА ПОВРЕДЕНИТЕ ЕДНОМЕСЕЧНИ БЛИЗНАЧКИ Голема трагедија на српските патишта
Покрај двете девојчиња, во тешката несреќа се повредени 3 возрасни лица, двајца мажи на возраст од 43 и 34 години и една жена на возраст од 34 години.
Двете едномесечни близначки починаа ноќеска во Детската болница во Нови Сад, каде што беа примени по тешките повреди што ги здобиле во сообраќајна несреќа на патот Нови Сад – Зрењанин, на излезот кон Жабаљ.
Девојчињата биле примени болницата со исклучително тешки повреди, опасни по живот.
Покрај двете девојчиња, во тешката несреќа се повредени 3 возрасни лица, двајца мажи на возраст од 43 и 34 години и една жена на возраст од 34 години. Сите добиле повеќе повреди и се пренесени во Ургентниот центар за реанимација.
Српските медиуми неофицијално пишуваат дека до несреќата дошло кога едно од двете возила од засега неутврдени причини преминало во спротивната коловозна лента и директно се судрило со другиот автомобил.
Инстаграм страницата „192_рс“ објави фотографии од возилата кои учествувале во несреќата. Како што можете да се види, предниот дел на еден од автомобилите е целосно уништен.