Починаа две лица, на 31 и 91-годишна возраст

Тој информираше дека вкупниот број на новодијагностицирани во земјава изнесува 16 и сега од Ковид-19 се заболени вкупно 257 лица.

1,342

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција ги објави најновите информации поврзани со коронавирусот во земјава во последниве 24 часа. За жал, тој објави дека две лица починаа во изминатово деноноќие.

– Станува збор за лице на 91-годишна возраст кое беше хоспитализрано 8 дена, а утрово рано пациент на 31-годишна возраст чија клиничка слика беше тешка, кој беше интубиран и поставен на респираторна машина во текот на вчерашниот ден, за жал почина претпладнево – изјави Филиче.






Тој објасни дека овој пациент кој бил од Скопје имал ризик фактор обезност, но клиничката слика која ја покажал и начинот н акој се манифестирала е најтешката форма која е напишана во литературата за оваа болест со нагло влошување, крварење и распад на белите дробови.

Министерот информираше дека вкупниот број на новодијагностицирани во земјава изнесува 16 и сега од Ковид-19 се заболени вкупно 257 лица. На Инфективната клиника се примени тројца пациенти до Скопје и од Куманово, а бројката на вкупно хоспитализирани е 49 лица. Од нив седум се со потешка слика, пневмонија, а во овој момент нема лица кои се приклучени на респираторни машнини. На сите други пациенти ширум државата е стабилна клиничката слика и се во секојдневна комуникација со матичните лекари, односно со локалните болници и со лекарите од Инфективната клиника. Според министерот, сите се со сосема лесна слика, меѓу нив нема ни со средна форма на манифестација на вирусот.

– Двајца пациенти во Скопје имаат втор негативен тест, а за пет други второто тестирање се планира за утре, па доколку се покажат негативни тие ќе можат да бидат пуштени на домашно лекување, но ќе биде одлучено како ќе бидат лекувани – рече Филипче.

Поврзани содржини