Починаа четири пациенти, 141 се новозаразени на 2.006 тестирања на ковид-19
Во Скопје има 51, Куманово 19, Дебар 2, Штип 15, Прилеп 6, Тетово 6, Струга 16, Велес 2, Битола 4, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 2, Гевгелија 1, Радовиш 1, Пробиштип 2,Македонски Брод 2, Берово 1, Виница 2, Делчево 1, Свети Николе 2, Кичево 2, Неготино 1.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19.
Починати се четири пациенти, два пациенти од Скопје (54 и 55), пациентка од Кавадарци (69.), и пациент од Свети Николе (70). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Во Скопје има 51, Куманово 19, Дебар 2, Штип 15, Прилеп 6, Тетово 6, Струга 16, Велес 2, Битола 4, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 2, Гевгелија 1, Радовиш 1, Пробиштип 2,Македонски Брод 2, Берово 1, Виница 2, Делчево 1, Свети Николе 2, Кичево 2, Неготино 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од: Скопје 25, Штип 33, Прилеп 1, Тетово 10, Велес 2, Битола 7, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Кичево 11.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.