Починаа 19 заболени од коронавирус, 982 се новозаразени, а тестирани се 2.805
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.025, бројката на оздравени пациенти е 48.726, на починати е 2.096, а бројот на активни случаи изнесува 22.203
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.805 тестирања, а регистрирани се 982 нови случаи на ковид-19. Починати се 19 лица.
Во Скопје има 456, Куманово 24, Дебар-2, Штип 23, Прилеп 69, Тетово 36, Струга 38, Велес 26, Битола 45, Охрид 42, Кавадарци 43, Гостивар 34, Гевгелија 14, Струмица 28, Крива Паланка 2, Радовиш 7, Крушево 2, Кочани 15, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 3, Пехчево 4, Валандово 7, Виница 6, Делчево 15, Кратово 1, Свети Николе 4, Кичево 16, Ресен 7, Неготино 9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти од: Скопје 176, Куманово 23, Штип 31, Прилеп 32, Тетово 48, Струга 1, Велес 26, Битола 30, Кавадарци 21, Гостивар 63, Гевгелија 12, Струмица 9, Крива Паланка 8, Радовиш 5, Кочани 9, Пробиштип 7, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 5, Валандово 1, Виница2, Кратово2, Свети Николе 11, Кичево 14, Ресен 7 и Неготино 11.
Починати се 19 лица, четири пациенти од Скопје (82, 53, 74 и 84г), еден од Куманово (87г), еден од Струга (78г), еден од Велес (53г), еден од Битола (86г), двајца пациенти од Охрид (76 и 80г), еден од Кавадарци (65г), двајца од Гостивар (75 и 56г), четири пациенти од Крива Паланка (66, 40, 72 и 67г), еден од ПЕ Делчево-Македонска Каменица (81г) и еден пациент од Кратово (65г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.025, бројката на оздравени пациенти е 48.726, на починати е 2.096, а бројот на активни случаи изнесува 22.203. Од вчера се евидентитра еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Направените 2.805 теста се преку: ИЈЗ-558, ЦЈЗ Скопје-71, Авицена-311, Биотек-257, МАНУ -213, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Систина со PCR метода -163, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-79, Инфективна клиника-9, ГАК-0, Синлаб-61, Ремедика-17, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -862, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 363.021 тестирања на ковид -19.