ПОЧИНАА 13 ЛИЦА, НАЈМЛАДИТЕ НА 30 И 32 ГОДИНИ Нови 1.172 случаи на ковид-19, 145 лица повторно се заразиле

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.

851

Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 1.172 новозаболени со ковид-19, 13 лица починаа како последица на коронавирусот, додека 553 пациенти се водат како оздравени, информира министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на ковид-19 од кои Скопје – 629, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево – по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19, Струга – 11, Неготино – 9, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница – по 2, Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран  по еден.






Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.

Регистрирани сe 553 оздравени пациенти од Битола – 144, Прилеп – 65, Скопје – 53, Куманово – 40, Кавадарци – 24, Штип – 22, Велес – 20, Гевгелија и Кочани – по 19, Радовиш – 18, Тетово – 14, Кичево и Неготино – по 13, Крива Паланка и Богданци – по 10, Гостивар и Свети Николе – по 9, Делчево – 8, Демир Хисар – 7, Ресен и Валандово – по 5, Крушево, Македонски Брод и Пхечево – по 4, Струмица, Берово, Кратово и Пробиштип – по 3, Виница и Македонска Каменица  по еден.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица:  Шест починати лица од Скопје (65, 69, 70, 78, 83 и 84), три од Битола (32, 72 и 79) и по едно починато лице од Велес (30), Охрид (63) и Прилеп (62). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59) починат на 15.01.2022, во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=13), пет лица се целосно вакцинирани.

Направени се 4.021 тестови преку: ИЈЗ-358, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-112, Биотек-207, Систина-104, лабораторија Лаор-204, Синлаб-0, Ремедика-17, Плодност-106, Генеа-11, Никоб Лаб-484, ВФВ Медикал-69, Ели Медика-29, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.762.

Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 113.182, активни 10.286, Куманово 14.095, активни 731, Прилеп 12.226, активни 999, Тетово 11.854, активни 352, Битола 11.591, активни 1.599, Гостивар 8.436, активни 272, Кавадарци 8.128, активни 451, Велес 7.983, активни 350, Охрид 7.590, активни 616, Штип 7.222, активни 313, Струмица 6.806, активни 413, Кичево 4.693, активни 290, Кочани 4.388, активни 200, Струга 4.190, активни 215, Гевгелија 3.372, активни 293, Неготино 2.881, активни 179, Свети Николе 2.297, активни 111, Ресен 2.156, активни 217, Крива Паланка 2.110, активни 114, Радовиш 2.072, активни 205, Делчево 1.627, активни 113, Берово 1.572, активни 81, Дебар 1.481, активни 16, Виница 1.232, активни 36, Валандово 1.226, активни 144, Пробиштип 1.217, активни 51, Кратово 846, активни 53, Крушево 781, активни 147, Богданци 781, активни 66, Демир Хисар 724, активни 61, Македонски Брод 601, активни 39, Македонска Каменица 465, активни 32, Демир Капија 462, активни 24, Пехчево 392, активни 23 и Дојран 197, активни 12.

Поврзани содржини