Почина жена откако била удрена со автомобил

Тешко повредени скопјани во незгода на патот Стајковци-Раштак.

345

ЈА УДРИЛЕ СО ВОЗИЛО И ПОЧИНАЛА ВО БОЛНИЦА – На 26.11.2020 во 09,20 часот во СВР Скопје, С.Б. пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ во круг на фирма во Скопје патничко моторно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ч.(35) од с.Побожје, удрило во пешак С.С.(63) од Скопје, која со возило на итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди, по што подоцна подлегнала на повредите. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ СКОПЈАНИ ВО НЕЗГОДА ВО СКОПСКО – На 26.11.2020 во 17.50 часот на крстосница од сервисна улица која ја поврзува обиколница на град Скопје со локален пат село Стајковци – село Раштак се случила сообраќајна негзода помеѓу патничко моторно возило “голф” со скопски регистарски ознаки управувано  од  А.М.(54) од Скопје и патничко моторно возило “хјундаи” со скопски регистарски ознаки управувано од С.Е.(36) од Скопје. По незгодата С.Е. и сопатникот од возилото “хјундаи”, И.И.(40) биле пренесени во Градска општа болница “Св.Наум Охридски” каде на С.E. му биле констатирани повреди а на И.И. и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.






ПРОНАЈДЕН КОКАИН ВО ВОЗИЛО – На 26.11.2020 околу 20.45 часот, во непосредна близина на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР Tетово ги лишиле од слобода  М.Ј.(43) и Ф.И.(33), двајцата од с.Слатино,тетовско, и при нивен и преглед на возилото „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден е кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

МУ НАШЛЕ НОЖ – На 27.11.2020 околу 01.30 часот, на регионалниот пат Тетово-Скопје, во Групчин, полициски службеници на СВР Tетово го привеле С.С.(21) од с.Копачиндол, тетовско, затоа што при негов и преглед на возилото  „фолксфаген голф“  со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден нож. По целосното документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.

ПРИВЕДЕНО ЛИЦА ЗА ИЗДРЖУВАЊЕ КАЗНА ЗАТВОР – На 26.11.2020 во 18,00 часот полициски службеници од ПС-Тетово го приведоа М.Х. (38) од Тетово, кој со потерница се барал од Основен суд Тетово за издржување затворска казна во времетраење од две години, а во врска со чл.141 ст.2 вв со ст.1 од КЗ на РСМ. Лицето е спроведено во КПУ-Затвор Идризово.

ГО КАСНАЛО КУЧЕ НА КЕЈ – На 26.11.2020 во 11.30 часот во Полициска станица Центар, Н.А.(57) од Скопје пријавил дека на ул.”Кеј 13ти Ноември” бил каснат од куче скитник.

Поврзани содржини