Рано утрово во 01:20 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив за укажување помош од КПД Затвор Идризово бил донесен затвореникот С.Д. информира МВР.
„Поради тешката здравствена состојба, тој починал во 03:07 часот. За случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено за обдукција“, пишува во полицискиот билтен.