Почина волонтер кој учествувал во испитување на вакцина против ковид-19

1,416

Бразилската агенција за здравје Анвиса потврдила дека починал волонтер кој учествувал во испитување на вакцина против ковид-19, пренесува Ројтерс.

Станува збор за истражување за вакцина која ја произведува „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд.






Универзитетот во Сао Паоло, кој помагал во координацијата на клиничките испитувања во третата фаза во Бразил, соопштил дека станува збор за Бразилец.

Се уште не е познато дали волонтерот примил вакцина или плацебо.

Поврзани содржини