ПОЧИНА ВЛАДО ПРАВДИЌ Клавијатуристот на „Бело дугме“ се бореше со тешка болест

Познатиот музичар починал два дена пред својот 74. роденден што требаше да го прослави на 6 декември.

1,136

Синоќа во Сплит почина Владо Правдиќ (73), поранешен клавијатурист на популарната група „Бело Дугме“.

Смртта за босански Аваз ја потврдила неговата блиска пријателка. Правдиќ кој живееше во Сплит, во последните неколку месеци се бореше со тешка болест.






Познатиот музичар починал два дена пред својот 74. роденден што требаше да го прослави на 6 декември.

Со емотивна изјава од својот пријател и колега се прости поранешниот пејач на „Бело Дугме“, Ален Исламовиќ.

– Многу ме погоди смртта на Владо Правдиќ, бевме многу добри. Со години сме во контакт, последниве години само малку ги проретчивме контактите. Многу ми е жал. Искрено сочувство до неговите деца и до семејството… А, баш „мирисаше“ дека повторно ќе се собереме и ќе засвириме заедно. Немам зборови. Беше голем човек, имаше големо влијание врз мене. Ќе ми недостига како пријател – изјави Исламовиќ за Ало.

Поврзани содржини