ПОЧИНА ВИСТИНСКИОТ ТАРЗАН 40 години живеел во џунгла, умре од рак осум години откако беше донесен во цивилизацијата (ВИДЕО)
Вистинскиот Тарзан кој 40 години живеел во виетнамските џунгли, починал од рак на црниот дроб на 52 години, осум години откако бил доведен во „цивилизираниот свет“.
Хо Ванг Ланг ѝ подлегнал на смртоносната болест минатата недела откако 41 година со својот татко живеел во џунгла. Таткото и синот, кои до 2013 година мислеле дека војната во Виетнам сѐ уште трае, беа вратени во цивилизација кога Хо Ван Тан се разболел.
Тан, кој бил војник, побегнал со синот во џунглата откако неговата сопруга и двете деца загинале во бомбардирањето. Таткото и синот со децении живееле во дистриктот Тра Бонг пред да бидат пронајдени од мештаните.
Тан починал во 2017 година, а причината за смртта не е позната.
Таткото и синот преживеале хранејќи се со овошје и билки од шумата и со пченката што ја саделе. Од кора на дрво правеле престилки кои ги носеле и живее во колиба пет метри над земјата.
Кога мештаните, кои трагале по дрвја, ги виделе, ги пријавиле на властите кои ги пронашле и ги собрале во август 2013 година. Таткото колку-толку можел да се разбере на нивниот јазик, но синот знаел само неколку зборови.
По медицинските прегледи, таткото и синот полека биле „интегрирани“ во општеството. Пријателот на Ланг, Алваро Серезо, истражувач кој со него во џунглата живеел една недела, смета дека Ланг бил „убиен“ од модерниот живот и дека неговото тело и тој не можеле да поднесат толку драстична промена.
– Целиот живот живеел во џунгла, а потоа беше преместен во цивилизираниот свет каде јадеше преработена храна и понекогаш пиеше алкохол – рекол Серезо.
ФОТО: Јутјуб