Почина ѕвездата од серијата „Сопранови“: Актерот ја загуби битката со ракот

544

Актерот Џозеф Сираво, ѕвездата на серијата „Сопранови“, почина на 64-годишна возраст.

Сираво, кој остана запаметен по улогата Џони Бој Сопрано, таткото на Тони Сопрано, ја загубил битката со ракот.






Неговиот колега, Гери Пастор, ја потврди оваа вест на својот инстаграм-профил.

„Почивај во мир, драг пријателу, водеше неверојатна битка“, напишал Пастор, па додал:

„Ќе ми недостасуваш. Се гледаме на другата страна“.

 

Поврзани содржини