Sвездата на „Дизни“, Себастијан Атије, почина на 24-годишна возраст. Нивниот канал од Латинска Американски објави во неделата на Твитер и Инстаграм дека момчето починало.
Причината за смртта сè уште не е позната.
„Почивај во мир, Себастијан, твојата уметност и твојата насмевка ќе останат засекогаш“, напишаа од „Дизни Канал ЛА“ со фотографија на која тој е насмеан.
„Многу ни жал поради неговата смрт. Секогаш ќе го памтиме поради неговиот талент, пријателството, професионализмот и, пред сè, поради неговото огромно срце. Им се придружуваме на неговото семејство, пријателите и фановите во последниот поздрав.“
Менаџментот на Атије, „Кристина Чапаро менаџмент“, исто така ја сподели оваа вест.
Атије е најпознат по улогата на Лоренцо во „O11CE“. Дејствието на серијата го следеше фудбалерот Габ, кој доби стипендија за да може да игра во Спортскиот академски институт.
Неговиот колега, Даниел Панитио, му оддаде почит на починатиот актер на Инстаграм.
„Племенитите души не умираат и твојата светлина ќе биде вечна, полна со страст, дисциплина и љубов, и така и те паметам, мојот цимер, пријател и брат.“
Бројни обожаватели му оддадоа почит на Атије на Твитер.
„Почивај во мир, Себастијан. Ние секогаш ќе те сакаме.“
ФОТО: Јутјуб