ПОЧИНА ТРИФУН ТАЛЕВСКИ Беше еден од првите уредници во МРТВ
Во текот на својата работа остави значаен белег во новинарството преку бројни текстови, телевизиски прилози и емисии. Во 1980-тите и 1990-тите години беше уредник во Внатрешно-политичката редакција на РТСкопје 1.
Почина Трифун Талевски, долгогодишен уредник и новинар кој поголемиот дел од својата професионална кариера ја помина во државната Македонска радио-телевизија, а претходно работеше во Јутел и во РТСкопје 1.
Талевски беше дипломец на Воената воздухопловна академија во Загреб – отсек пилоти, а подоцна дипломираше и на Факултетот за политички науки во Белград.
Како најдобар студент во генерацијата, кариерата ја започна во Јутел, а на почетокот на седумдесеттите години премина во тогашната Радио-телевизија Скопје, која по осамостојувањето на државата прерасна во МРТВ.
Во текот на својата работа остави значаен белег во новинарството преку бројни текстови, телевизиски прилози и емисии. Во 1980-тите и 1990-тите години беше уредник во Внатрешно-политичката редакција на РТСкопје 1.
Зад себе ја остави сопругата Лимба, ќерката Ивона Талевска и синот Стефан Талевски.