ПОЧИНА ТОДЕ НОВАЧЕВСКИ Беше автор на најголемите хитови на Маријана и Росана

Сестрите Маријана и Росана ги испеаја најголемите хитови на Тоде, како што се „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“...

561

Композиторот Тоде Новачевски, автор на најпопуларните песни на поп дуетот Маријана и Росана, почина на 66 години во Мелбурн, Австралија, по повеќегодишно тешко боледување.

Тој беше поранешен сопруг на пејачката Маријана Сариќ, која со сестра си близначка Росана ги испеаја неговите најголеми хитови, како антологиските „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“. Новачевски ја пееше насловната песна „Урде чавен“ на ТВ-серијата „Трст виа Скопје“.






Новачевски е роден во Битола, а повеќе децении живееше во Мелбурн. Со Маријана имаше две деца.

Поврзани содржини