ПОЧИНА ТАТКОТО НА ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА Актерката се прости со емотивна објава
Весна со емотивни зборови се прости од својот татко на социјалните мрежи.
Актерката Весна Петрушевска на социјалните мрежи објави дека денеска починал нејзиниот татко, Кирил Петрушевски.
Весна со емотивна објава се прости од својот татко.
„Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да нѝ недостасува твојата широка насмевка, исклучителниот дух и несебичната љубов. Те сакам тато, те сакам затоа што беше нежен со нас, со внуците Ема, Јана, Мина и Кирил, со зетот Џоле, со Вики. Ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама Сашка, вечни тинејџерии, прва љубов која инспирираше. Те сакаме бескрајно! Нека ти е светол патот татичко, одмори се“, напиша Бејби.
ФОТО: Фејсбук