ПОЧИНА „ТАТКОТО НА ТИРАМИСУТО“ Десертот е откриен случајно од готвачот и жената на Адо Кампеол
Десертот се појави во 1981 година во весникот Венето, локален весник посветен на храната и виното, а денес е еден од најпознатите италијански рецепти.
Адо Кампеол, кој беше наречен „таткото на тирамисуто“, почина на 93-годишна возраст.
Кампеол бил сопственик на „Alle Beccherie“, ресторан во северна Италија каде познатиот десерт го дизајнирале неговата сопруга и готвач.
Десертот, кој се состои од бисквити натопени во кафе и маскарпоне, бил додаден на нивното мени во 1972 година, но семејството никогаш не го патентирало. Според историјата на десертот, него случајно го открил готвачот што работел во ресторанот и заедно со жена му на Кампеол го усовршиле потоа.
Оттогаш стана неизбежно јадење од италијанската кујна прифатено од готвачите низ светот.
Десертот се појави во 1981 година во весникот Венето, локален весник посветен на храната и виното, а денес е еден од најпознатите италијански рецепти.