Почина „таткото на рокенролот“

Пејачот е ставен во Холот на рокенрол славата во 1986 година и беше еден од првите со ова признание.

498

Во САД на 87-годишна возраст денеска почина Литл Ричард, пејач, пијанист и композитор.  

Неговото крстено име е Ричард Вејн Пениман.






Синот на музичарот, Дени Пениман ја потврди информацијата за смртта на неговиот татко. Се дознава дека причината за смртта е рак.

Литл Ричард се смета за еден од оснавчите на рокенролот. Се здоби со светска слава по неколку синглови како „Tutti Frutti”, „Long Tall Sally”, „She’s Got It” издадени во 1950-те години. Песните се препеани од многу музичари и артисти како Елвис Присли.

Пејачот е ставен во Холот на рокенрол славата во 1986 година и беше еден од првите со ова признание.

Поврзани содржини