Почина татко на познатиот бизнисмен и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев, Ангел Анѓушев.
Ангел Анѓушев почина на 82 години, по кратко боледување, во болницата „Филип Втори“, каде беше примен минатата недела по влошување на здравствената состојба.
Својот работен век го поминал како референт во некогашната велешка текстилна фабрика ,,Нонча Камишова”.
Погребот ќе биде извршен во сабота (утре) во 13 ч. на градските гробишта Св. Спас во родниот Велес.