ПОЧИНА ТАТЈАНА ПЕТРУШЕВСКА Беше професорка на Правниот факултет во Скопје

7,818

По долго боледување, денеска, на 55-годишна возраст почина професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први” Татјана Петрушевска, соопштија од факултетот.

„Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка и особено ценета пријателка, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог и посветен наставник“, се наведува на фејсбук статусот на Правниот факултет.






Петрушевска беше редовен професор по меѓународно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија.

Петрушевска има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.

Поврзани содржини