ПОЧИНА ТАМАРА БАКИЌ Една од најпознатите југословенски манекенки (ФОТО)

Една од најпознатите српски и југословенски манекенки Тамара Бакиќ (87) почина во саботата во Белград.

3,084

Една од најпознатите српски и југословенски манекенки Тамара Бакиќ (87) почина во саботата во Белград.

Тамара Бакиќ е родена во 1934 година во Сомбор.






На свои 24 години влегла во светот на модата, а била сведок и еден од главните актери на појавата на српската мода во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Тамара цел живот остана во светот на модата, па на 82 години беше ѕвезда на модна ревија во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Bakic (@bakic_tamara)

Во 1958 година премиерно излегла на пистата на првиот Саем за мода што се одржал во Југославија. Ревијата ја следел и прочуениот моден дизајнер Кристијан Диор.

По оваа ревија, Тамара почнала да добива покани за модни ревии. Добивала сѐ повеќе ангажмани, патувала низ цела Југославија, прошетала по модните писти во Будимпешта, Варшава, Москва, Санкт Петербург, Париз, Техеран, Њујорк…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ATAImages (@ataimages)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини