Почина Тале Герамитчиоски
Тој беше заменик-министер за образование во периодот од 2002 до 2006 и пратеник 2006-2008.
Почина Тале Герамитчиоски (59), поранешен заменик-министер за образование и пратеник.
Тој беше заменик-министер за образование во периодот од 2002 до 2006 и пратеник 2006-2008, истакнат член на СДСМ и посветен работник во науката.
Според информациите, тој починал синоќа по компликации од ковид-19.
Неговите сопартијци од СДСМ преку социјалните мрежи се збогуваат со професорот Герамитчиоски.