Актерот Вили Гарсон почина на 58 -годишна возраст, а веста за неговата смрт ги шокираше обожавателите на серијата „Сексот и градот“ во која глумеше.
Тажната вест за смртта на Гарсон, кој го глумеше Стенфорд Блач во хит-серијата, ја потврди неговиот син Нејтен Гарсон на неговиот профил на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Многу те сакам тато. Почивај во мир и мило ми е што ги сподели сите авантури со мене и успеа да постигнеш толку многу. Горд сум на тебе. Ќе те сакам засекогаш, но мислам дека е време да тргнеш во својата авантура. Секогаш ќе бидеш со мене“, напишал Нејтен.
Причината за смртта на Вили сѐ уште не е потврдена, но извори блиски до него потврдија за ТМЗ дека актерот се борел со ракот.
Последен пат се појави на сетот на 24 јули кога сними сцена со Сара Џесика Паркер и Марија Кантоне.
Вили беше најпознат по улогата на Стенфорд, најдобриот другар на Кери Бредшо во „Сексот и градот“.
Колегите и обожавателите се простуваат од него, а меѓу првите се огласи Синтија Никсон, односно Миранда од „Сексот и градот“.
ФОТО: Инстаграм