ПОЧИНА СРПСКИОТ МОДЕН ДИЗАЈНЕР САША ВИДИЌ Бил примен во тешка состојба, приклучен на респиратор

Познатиот стилист и моден дизајнер од Србија, Саша Видиќ, почина денеска на 52-годишна возраст во КБЦ Бежанијска коса во Белград, објавија српските медиуми.

1,721

Познатиот стилист и моден дизајнер од Србија, Саша Видиќ, почина денеска на 52-годишна возраст во КБЦ Бежанијска коса во Белград, објавија српските медиуми.

Видиќ бил примен во болница како последица на септичка состојба, по што бил прогласен за мртов поради кардиореспираторна инсуфициенција.






Саша Видиќ во својата долгогодишна кариера соработуваше со бројни познати личности од јавната сцена – пејачи, актери, водители, спортисти, политичари…

Инаку, тој лично ги осмислил и дизајнирал дресовите за српските спортисти за Олимпијадата во Лондон, а ги креирал и дресовите за фудбалската репрезентација на Србија за Светското првенство што се одржa во Русија. Тој беше основач на модниот бренд „Броз“. Соработуваше со бројни луѓе од естрада.

Роден е во 1971 година во селото Млака во Хрватска. Извесен период живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај вујко му во Белград. Кариерата ја изгради во Белград.

 

Поврзани содржини